Утрински Весник
Свет

Албанија ангажира американска компанија за борба против сајбер напади

Албанија ангажира американска компанија за борба против сајбер напади
Dik 300x250 mk

Албанската влада објави дека ќе ангажира американска компанија за зајакнување на сајбер безбедноста.

Одлуката уследи по објавувањето на доверливите лични информации од базата на податоци за вработените во владата минатиот месец.

„Официјална Тирана и Џонс Груп Интернационал во Вирџинија потпишаа меморандум за разбирање за зајакнување на безбедноста на дигиталните системи“, изјави албанскиот премиер Еди Рама.

Во декември беа обелоденети лични податоци на околу 690.000 луѓе, вклучително и матични броеви и податоци за вработување и заработка од владината база на податоци за лица вработени во јавниот и приватниот сектор. Овие доверливи информации масовно се споделуваат на апликациите.

Поради тој случај уапсени се четири лица, кои подоцна се пуштени од притвор, а покрената е истрага, јавуваат агенциите.

Групата Џонс ја предводи пензионираниот генерал Џејмс Џонс, поранешен советник за национална безбедност на САД и командант на Здружените сили во Европа.

„Американската компанија целосно ќе ги скенира нашите системи за да утврди како тие се изложени на домашни и странски напади“, објасни албанската министерка за инфраструктура Белинда Балаку.

Скандал со протекување на заштитени лични податоци ја погоди Албанија пред парламентарните избори во земјата во април.

Можете да прочитате

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа

Покровск пред пад, се водат улични борби, Украинците се опколени