Утрински Весник
Македонија

Алаѓозовски со претставници на бошњачката заедница, одговорноста за успешен Попис е на сите.

Алаѓозовски со претставници на бошњачката заедница, одговорноста за успешен Попис е на сите.

Националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски, оствари средба со претставници на  бошњачката заедница  кои учествуваат на различни нивоа во општествените и граѓански процеси.

Алаѓозовски истакна дека податоците кои ќе се добијат од најобемната статистичка операција која веќе е започната во прва фаза, а која повеќе од 19 години не е направена во нашата земја ќе помогнат за рамномерен регионален развој, кој треба да е инклузивен и да ги опфати сите општини каде живеат етничките заедници, со цел да се насочат правилни политики и мерки за планирање успешен економски и социјален развој.

Присутните претставници на бошњачката заедница информираа дека и формираното Координативно тело на бошњачките организации за Попис 2021 е со цел да се поддржи Пописот и да се оствари успешна транспарентна и инклузивна операција, со што помасовно учество на сите граѓани.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зулфикар Зејнула е нов претседател на Демократската партија на Турците во Македонија

Ладна ноќ е пред нас – Можна е појава дури и на слаб мраз!

Водата во езерото „Младост“ е загадена со фекалии, нема услови за порибување