Утрински Весник
Македонија

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура, Роберт Алаѓозовски, и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, за национални координатори.

„Владата денеска го разреши м-р Роберт Алаѓозовски од должноста Национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка и го именуваше за Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, а Роберт Поповски е именуван за Национален координатор за одговорно владеење и транспарентност“, соопштија од Владата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

МНТ СО НАГРАДУВАНАТА ПРЕТСТАВА „НАРОДЕН ПРАТЕНИК“ ГОСТУВА НА ФЕСТИВАЛИ ВО ВЕЛЕС И ПОЖАРЕВАЦ

Мицкоски: Обврска ни е да инвестираме во Државниот архив

Митева: Владата превенираше дополнителни ценовни шокови