Утрински Весник
Спорт

Аларм во Баерн – Левандовски сака да си оди!

Аларм во Баерн – Левандовски сака да си оди!

Неочекувани вести од Минхен. Најдобриот светски фудбалер изминатава година Роберт Левандовски побарал да си оди од Баерн затоа што има потреба од нови предизвици, пишува „Скај спорт“.

Информациите се дека полскиот голгетер е задоволен на „Алијанц арена“, но има потреба од голем трансфер во некој од најсилните светски фудбалски клубови.

Баерн Минхен веднаш го процени играчот, кој во сабота ќе наполни 33 години, на 117 милиони евра.

Договорот со Баварците му е до 2023 година и германскиот клуб нема намера да му го продолжи договорот.

Останува отворено прашањето кој клуб би до донел Полјакот. Засега осван Манчестер Сити кој е во потрага по голгетер (Пеп работеше со Роберт во Минхен) нема клуб кој би инкасирал без проблем толкава сума.

Левандовски е во сјајна форма, минатата сезона даде 56 гола, а оваа на 2 меча веќе забележа 3 погодоци.

> Аларм во Баерн – Левандовски сака да си оди! <

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија