Утрински Весник
Спорт

Алаба нема да му помогне на Баерн во дуелот со Фрајбург, Перишиќ и Гнабри неизвесни

Алаба ја одби понудата на Манчестер сити, бидејќи сака да се пресели во Шпанија

Минхен, 19 јуни 2020 (МИА) – Тренерот на Баерн, Ханс-Дитер Флик, зборуваше за ситуацијата со екипирањето во тимот пред натпреварот од Бундеслигата во 33. коло против Фрајбург.

Баварците веќе ја обезбедија шампионска титула.

– Имаме неколку повредени играчи. Затоа, ќе има неколку пермутации. Давид Алаба нема да игра. Тој долго време има проблеми со глуждот. Утре ќе му дадеме одмор. Иван Перишиќ е исто така повреден. Серж Гнабри доби модринка. И обајцата веројатно нема да играат, но сепак имаме уште 24 часа. Ќе видиме, се произнесе Флик.

Лук Ернандез? Тој ќе игра утре. Ни претстои многу силен меч, некои од резервните играчи ќе треба да ни помогнат и ќе бидат во составот од почетокот, додаде тренерот на Баерн.

Натпреварот ќе се игра утре (20 јуни) со почетокот во 15:30 часот. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

18 млади репрезентативци одат на светско првенство со самофинансирање – за што служи Министерството за спорт, прашува Левица

Светската џудо елита викендов ќе се натпреварува во „Јане Сандански“

Интер Мајами го освои Купот Кампеонес, Меси го постигна својот 100. гол за клубот од МЛС