Утрински Весник
Спорт

Алаба: Забавно е да се игра фудбал во Баерн

Алаба ја одби понудата на Манчестер сити, бидејќи сака да се пресели во Шпанија

Минхен, 31 мај 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Баерн Минхен, Давид Алаба, е задоволен од победата над Фортуна (5:0) во натпреварот од 29-то коло на германскиот шампионат.

– Ние сме многу, многу амбициозни. Атмосферата во тимот е навистина одлична. Ние сакаме да победиме на секој натпревар, можете тоа да го видите на теренот. Јас се обидувам да му помогнам на тимот. Овде фудбалот е забавен, изјави Алаба.

Договор? Се обидувам да се фокусирам на најважната работа. Не поставивме рок. Ајде да видиме како работите ќе се движат во наредните недели, истакнува Алаба.

Тимот од Минхен ја зголеми предноста на табелата во Бундеслигата пред второпласираната Борусија Дортмунд на 10 бодови. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манчестер јунајтед елиминиран од Брајтон во ФА Купот

Андреа Бочели ќе настапи на церемонијата на отворање на ЗОИ 2026

Хаос на Африканскиот куп – Се степаа фудбалерите, навивачите го демолираа стадионот, нападнати и судиите