Утрински Весник
Македонија

Акција „Држете растојание” за доброто на сите 

Акција „Држете растојание” за доброто на сите 
Dik 300x250 mk

Скопје, 16 март 2020

Акцијата „Држете растојание” има за цел на директен и визуелно експлицитен начин да ги потсети граѓаните да држат растојание, да избегнуваат гужви, да го намалат ракувањето, да ги минимизираат своите контакти и на тој начин да се заштитат себеси и другите од вирусот Ковид-19. Воедно, преку акцијата сакаме да ги потсетиме граѓаните да ги почитуваат препораките и да се придржуваат до упатствата кои ги издаваат надлежните.

Сметаме дека во оваа ситуација превенцијата е најважна и затоа преку јазикот на уметноста се обидуваме да ги комуницираме пораките за превенција од ширење на опасниот вирус. Како уметници и активисти не можеме да останеме неми во вакви ситуации и сметаме дека во овие тешки денови секој треба да придонесе и да влијае за да го информира населението за мерките за самозаштита кои треба да се преземаат.  Уметниците и активистите преку она што знаат да го прават најдобро, преку своите дела, можат на интересен и несекојдневен начин да го подигнат нивото на свесност за оваа особено важна тема.

„Држете растојание” е акција која ја посветуваме и подаруваме на медицинските лица и здравствените работници кои деноноќно се борат да го зачуваат јавното здравје. Им изразуваме огромна благодарност за нивната посветена работа.

На крајот, а согласно препораките на Министерството за здравство сакаме да напоменеме дека при изработката на оваа акција не постоеше никаков директен контакт помеѓу членовите на групата – работевме во фази и секвенцијално. Секој од уметниците работеше различна фаза со цел за да избегнеме директен контакт, но и за да докажеме дека иако е тешко, не е невозможно работите да се завршат и на овој начин.

Ви посакуваме добро здравје на сите.

#БидиОдговорен #ЗаштитиСе

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зохиу: Герапетритис и Мицкоски на средбата во Лондон се осврнаа на многу добрата клима во билатералните односи

Лашкоска: Протоколот за вода и здравје – рамка за побезбедна и поодржлива иднина

Од утревечер повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни