Утрински Весник
Македонија

Акцијата на скопски водовод за исплата на долгови без камата трае до 15 декември

Со диви приклучоци полевале ниви на Матка

Акцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје за исплата на долговите без камата за задоцнето плаќање, за физички и правни лица, е во тек и завршува на 15 декември.

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги повикува сите корисници кои имаат заостанат долг да ја искористат можноста за исплата на истиот без камата.

Граѓаните можат да се обратат во Секторот за наплата секој работен ден од 8 до 14 часот,  за исплата на долговите до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот.

„Процесот за наплата во ЈП Водовод и канализација – Скопје се одвива непречено со почитуваање на сите протоколи, со цел заштита од ширењето на корона вирусот. Сите корисници кои доаѓаат во просториите на претпријатието треба да го одржуваат редот на чекање за влез, притоа почитувајќи го определеното растојание. При влез, задолжително е носење на заштитна маска, а пред влез на секој клиент ќе му се мери телесната температура. При влегување и излегување од просториите на претпријатието задолжителна е и дезинфекција на рацете. Бројот на корисници кои влегуваат во просториите на претпријатието е ограничен, согласно одредените протоколи за заштита“, велат од претпријатието.

Со цел заштита на корисниците и вработените, велат од таму, во ЈП Водовод и канализација – Скопје, секојдневно се врши зачестена дезинфекција на просторот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег