Утрински Весник
Македонија

Акцизата на нафтата се зголемува за три денари

Во август намалени увозните цени на горивата

Скопје, 21 април 2020 (МИА) – За три денари се зголемува цената на акцизата за нафтените деривати во Република Северна Македонија. Оваа уредба со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба денеска ја донесе Владата како мерка за справување со кризата предизвикана од корона вирусот Ковид-19.

Како што појасни денеска на прес-конференција портпаролот на Владата, Муамет Хоџа, со оваа уредба, меѓу другото се пропишува износот на акцизата за безеловениот бензин, дизел горивото и горивото за греење.

– Уредбата е донесена за да се ублажат економските последици од зголемените трошоци за справување со корона вирусот и обезбедување средства за редовно сервисирање на буџетските потреби. Зголемувањето на износот на акцизата нема да предизвика дополнителни финансиски импликации за правните субјекти и населението со оглед на фактот дека зналителниот пад на цената на нафтата на светтските берзи предизвикува значлително намалување и на малопродфажните цени на горивата во нашата држава, кистакна Хоџа.

Предложениот механизам, појасни тој, овозможува постепено враќање на постојните износи на акцизи во услови на нормализирање на цените на пазарот, што, како што рече, се очекува тогаш кога ќе заврши состојбата предизвикана од коронавирусот. бк/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”