Овогодинешното 18-то издание на Интернационалниот театарски фестивал Актерот на Европа 2020, ќе го има своето официјано отворање, како и секоја година, пред „Сарајот“ во Ресен, еден од најзначајните културно-историски обележја на Преспа и пошироко.
На свеченотоста, за добитник на главната награда, Актер на Европа 2020 ќе биде прогласена познатата актерка Арта Доброши од Косово.
Фестивалот Актерот на Европа, кој традиционално се одржуваше од 6 до 11 јули, оваа година ќе се одржи во периодот помеѓу 25 и 30 август. Оваа одложување се должи пред се на ситуацијата која настана со глобалната пандемија од Ковид-19, па соодветно на тоа, сите настани на фестивалот ќе се одржуваат на отворено, со сите безбедносни мерки, согласно протоколот на Владата.
Познато е дека, овој фестивал започна летото 2003 година, кога Европскиот парламент го прогласи Преспанското езеро за Меѓуграничен европски парк, меѓу Македонија, Грција и Албанија.
Со ова престижно признание, Арта Доброши, своето име ќе го вгради во европската меморија на Балканот покрај имињата на досегашните добитници, како што се Љуба Тадиќ (Србија), Јон Карамиитру (Романија), Милена Зупанчич (Словенија), Ана Патресон (Шведска), Марсел Бозоне (Франција), Раде Шербеџија (Хрватска), Брус Мејерс (Велика Британија), Селма Алиспахиќ (БиХ), Марија До Сеу Гера (Португалија) итн.
Фестивалот свечено ќе биде отворен со стиховите од класиците на македонскта, грчката и албанската поезија, а потоа ќе следуваат поздравните говори на Градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски, Почесниот претседател на фестивалот Бранислав Мичуновиќ-Жага, Претседателот на интернационалното жири Мето Јовановски и Ректотот на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима и Претседател на фестивалот, Јордан Плевнеш.
Текстот „Актерот на Европа“ во Преспа е превземен од МАКФАКС.