Актерот Вук Костиќ по вторпат заболел од коронавирус, пренесуваат српските медиуми.
Костиќ бил позитивен на коронавирус пред неколку месеци, без некои сериозни симптоми, но неодамна повторно се заразил и сега има потешки симптоми, објави „Б92“.
Актерот е на домашно лекување.
„Неодамна доби треска, болки во мускулите и коските и почна да кашла. Отфрли секаква можност дека е заразен со коронавирус, бидејќи веќе го има прележано“, тврди извор близок на актерот, додавајќи дека по совет на лекарот, Вук направил ПЦР-тест чиј позитивен резултат го изненадил.
„Тој знаеше дека резултатот е точен затоа што немаше симптом што го заобиколи овој пат, вклучително и воспаление на белите дробови“, додал изворот, пренесува „Блиц“.