Утрински Весник
Свет

Актерот Алек Болдвин усмрти камерманка на снимање на филм со куршум од реквизит

Актерот Алек Болдвин усмрти камерманка на снимање на филм со куршум од реквизит

Актерот Алек Болдвин (68) со куршум од реквизит ја застрела камерманката Халина Хачинс (42) и го повреди режисерот Џоел Соуз (48) на филмски сет во Ново Мексико.

Инцидентот се случил за време на снимањето на филмот „Руст“.

Хачинс, која била директор на фотографија на снимањето на филмот, со хеликоптер била пренесена во болницата на Универзитетот во Ново Мексико, каде била констатирана смрт, додека Соуза со возило на брза помош бил пренесен во регионалниот медицински центар Кристус Сент Винсент.

Истрагата е во тек.

Во изјава за „Франс прес“, портпаролот на шерифот во Санта Фе рече дека Болдвин разговарал со детективите и засега не е покренато обвинение.

„Дојде доброволно и ја напушти зградата по разговорот“, рече портпаролот.

Можете да прочитате

И НАСА отпушта вработени, заминуваат 20 отсто

Студија: Рекордно високи температури на океаните во 2023 година

Нема буџет на ЕУ ако не се одблокираат милијарди евра за Унгарија, се закани Орбан