Утрински Весник
Сцена

Аксл Роуз со критики до американскиот министер за финансии

Аксл Роуз со критики до американскиот министер за финансии

Лос Анџелес, 8 мај 2020 (/) – Незадоволен од тоа како американската Влада управува со пандемијата и со кризата, пејачот на хеви-метал групата „Ганс ен роузис” – Аксл Роуз на Твитер го искритикува министерот за финансии на САД, Стивен Мнучин.

„Значи, официјално е! Што и да сме си мислеле досега за Стив Мнучин, тој е г**нар!”, напиша 58-годишниот музичар. Тој има над 1,2 милиона следачи на Твитер.

Министерот, неколку часа подоцна, му возврати со прашањето: „Што пак, Вие сте направиле за земјата?”, при што по грешка објавата ја дополни со знамето на Либерија, коешто на Твитер по малку личи на американското.

Аксл го искористи тој гаф во своја полза, па дополни: „За разлика од оваа Влада, не сум одговорен за смртта на 70.000 луѓе и за разлика од вас немам одговорна должност во Владата и не излегувам на телевизија, за да им кажувам на Американците да патуваат во САД за време на пандемијава”.

Стивен Мнучин не се впушти во натамошна преписка, но го смени либериското знаме со американското.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка