Утрински Весник
Спорт

Ако Ѓоковиќ победи на суд може повторно да биде приведен, пренесуваат српските медиуми

Ако Ѓоковиќ победи на суд може повторно да биде приведен, пренесуваат српските медиуми

Австралиската влада објави одговор на 13 страници на жалбата поднесена од Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ поднесе жалба на одлуката на Владата да го депортира од земјата, а рочиштето ќе се одржи во недела навечер, точно на полноќ по наше време.

Австралиската влада објави одговор на 13 страници, а се издвојуваат две најважни точки, пренесуваат српските медиуми.

„Не постои јасно правило или сигурност дека странец може да влезе во Австралија. Постојат критериуми според кои ние го одобруваме тоа и имаме свои причини за одбивање на виза. Никој не му дал сигурност на лицето дека неговото медицинско изземање ќе биде прифатено“, се наведува во одговорот.

Според српските медиуми, најважна е следната одредба:

„Ако судот одлучи да го ослободи обвинетиот од карантин, ние сепак можеме да го приведеме, без оглед на одлуката на судот. Одлуката на судот да го ослободи, не гарантира дека властите на Комонвелтот нема да го задржат повторно“, пренесува Б92.

Владата на австралискиот премиер Скот Морисон претходно преку своите адвокати поднела барање до судoт за дополнителни два дена, за подобро да се подготви за случајот против Новак Ѓоковиќ, а од судот ексресно го одбиле ваквото барање.

Барањето било потпишано од министерката за внатрешни работи, Карен Ендрјус, со молба да се одложи рочиштето за в среда, но судијата Ентони Кели одбил вакво одложување.

> Ако Ѓоковиќ победи на суд може повторно да биде приведен, пренесуваат српските медиуми <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина