Утрински Весник
Свет

Азербејџан тврди дека уништил ерменски противвоздушен ракетен систем во Нагорно-Карабах

Азербејџан тврди дека уништил ерменски противвоздушен ракетен систем во Нагорно-Карабах
Img 5587

Министерството за одбрана на Азербејџан објави дека неговите вооружени сили успеале да деактивираат ерменски ракетен систем земја-воздух „С-300“ за време на вооружените судири во зоната на конфликт во Нагорно-Карабах, пренесува ТАСС.

„За време на борбите вчера на територијата на населбата Шушакенд во областа Коџали (Мартуни) беше уништен противвоздушен ракетен систем „С-300“ кој му припаѓаше на непријателот“, се вели во соопштението на Министерството.

300x250 (7)

Според агенцијата, за да ги врати изгубените позиции, ерменската страна концентрирала дополнителни сили во насока кон Матагиз и утрово се обидела да нападне.

„Оваа непријателска активност беше пресретната, азербејџанските трупи изведоа контранапад со цел да го неутрализираат противникот. Интензивната борба продолжува“, се вели во соопштението од Министерството.

Министерството за одбрана на Азербејџан во вторникот предупреди дека неговите вооружени сили ќе ги уништат ерменските ракетни системи за противвоздушна одбрана „С-300“ (АДМС) ако се појават во Нагорно-Карабах.

На 27 септември Баку објави дека позициите на азербејџанската армија се интензивно гранатирани од Ерменија. Ереван, од своја страна, тврдеше дека вооружените сили на Азербејџан започнале офанзива во правец на Нагорно-Карабах гранатирајќи ги населените места на непризнатата република, вклучително и главниот град Степанакерт.

Двете страни пријавија жртви и меѓу цивилното население. Ерменските власти прогласија воена состојба и најавија мобилизација. Азербејџан воведе воена состојба на целата територијата.

Конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан за планинскиот регион Нагорно-Карабах, спорна територија што беше дел од Азербејџан пред распадот на Советскиот Сојуз, но главно населена со етнички Ерменци, избувна во февруари 1988 година кога автономниот регион Нагорно-Карабах најави повлекување од Советската Социјалистичка Република Азербејџан.

Во периодот 1992-1994 година тензиите зовреа и ескалираа во големи воени акции за контрола над енклавата и седумте соседни територии кога Азербејџан ја изгуби контролата над нив. Разговорите за решението за Нагорно-Карабах траат од 1992 година под закрила на групата од Минск на ОБСЕ, предводена од нејзините тројца копретседатели – Русија, Франција и САД.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема

Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард