Утрински Весник
Спорт

Азар ќе биде опериран во Далас, ќе закрепнува помеѓу 2 и 3 месеци

Азар ќе го пропушти и дербито со Атлетико

Мадрид, 2 март 2020 (МИА) – Sвездата на Реал Мадрид, Еден Азар, ќе биде опериран во четврток во Соединетите држави, потврди клубот за „Онда Черо“.

Белгиецот се повреди на мечот со Леванте на 22 февруари и се откри дека има скршеница на коската на десната нога.

На крајот, беше решено тој да го помине Океанот и да биде подложен на операција во Далас.

Периодот на закрепнување е помеѓу 2 и 3 месеци, што значи дека Азар ќе го пропушти остатокот од сезоната и најверојатно Европското првенство во текот на летото.

Реал Мадрид е навикнат да ги испраќа своите играчи кај специјалисти во САД, откако пред неколку години ова беше сторено со Руд ван Нистелрој и Гонзало Игуаин.

Кампањата, сепак, се покажа како големо разочарување за Азар, кој пропушти 2 месеци од крајот на ноември до крајот на јануари поради друга повреда, пред да претрпе уште една, набргу по враќањето во игра.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Силекс во Скопје го победи Шкупи, Работнички ја прекина низата без победа

Верстапен со Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем