Утрински Весник
Спорт

Азар повторно се повреди, може да пропушти два месеца

Серија лоши вести за Реал Мадрид
300x250 (7)

Мадрид, 23 февруари 2020 (МИА) – Напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар, се здоби со пукнатина во десната дистална фибула, пренесува официјалната веб-страница на клубот.

Белгиецот се повреди во натпреварот од 25. коло против Леванте (0:1). Можеби ќе пропушти околу два месеца.

Ss1

Азар неодамна се опорави од повредата во ноември заработена во натпревар од Лигата на шампионите со ПСЖ (2:2).

Оваа сезона, белгискиот репрезентативец настапи на 10 натпревари во шампионатот на Шпанија и постигна еден гол. зс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов

Хулкенберг се сели во Заубер

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс