Утрински Весник
Свет

Администрацијата на Трамп одобри Бајден да започне со преземање на власта

Трамп и Бајден ќе се соочат на првата дебата за претседателските избори

Aдминистрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, даде формално одобрување новоизбраниот претседател Џо Бајден да започне со преземањето на власта.

Трамп синоќа на Твитер потврди дека препорачал да започнат првичните протоколи за предавање на власта.

„Препорачувам Емили Марфи и нејзиниот тим да направат што треба во однос на првичните протоколи и му кажав на мојот тим да го направи истото“, напиша Трамп.

Марфи е администратор во Службата за општа администрација (ГСА), и синоќа таа испрати писмо до новоизбраниот претседател Бајден дека нејзината канцеларија е подготвена да започне со формално предавање.

„Оваа улога ја сфаќам сериозно и поради најновите случувања кои вклучуваат правни предизвици и потврда на резултатите од изборите, денес го испраќам ова писмо за да ви ставам на располагање средства и услуги“, напиша Марфи во писмото до Бајден.

Одлуката на претседателот доаѓа по речиси три неделна неизвесност со непризнавање на резултатите, повикувајќи се на нерегуларности како гласање на починaти или отселени лица, двојно гласање или гласање под принуда.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО цели кон зголемување на бригдите за околу 50 отсто, тврди воен претствник

Поранешен француски хирург кој е обвинет за 111 силувања на деца осуден на 20 години затвор

Скандал во Полска: Претседателскиот кандидат се поврзува со проституција