Утрински Весник
Македонија

Адеми: ДУИ очекува фер, демократска и мирна кампања

Адеми: ДУИ очекува фер, демократска и мирна кампања
Dik 300x250 mk

Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) – ДУИ очекува кампањата за предвремените парламентарни избори да биде фер, демократски и мирни, изјави денеска Арбр Адеми, член на највисокото раководство на партијата.

-Ние очекуваме фер, демократска и мирна изборна кампања и сме максимално фокусирани на следната победа на ДУИ. Секогаш кога ДУИ била на власт се организирани фер и демократски избори без инциденти и резултатите биле прифатливи за сите учесници во изборите, рече Адеми на прес-конференција во седиштето на партијата.

Според него, во ДУИ се уште се преават анализи за тоа кој се ќе се најде на листите за пратеници.

– Се прават длабоки анализи како и секогаш и партијата ќе ги предложи најдобрите кандидати кои на достоинствен начин ќе ги претставуваат Албанците, рече Адеми. ев/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Руте: Агресијата на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

Галетановски поднел оставка од функцијата шеф на Градска организација на СДСМ

Мицкоски очекува околу 130.000 гласа за Орце Ѓорѓиевски во вториот круг