Утрински Весник
Магазин

Адел ќе каже сè за себе во интервју за Опра

Адел ќе каже сè за себе во интервју за Опра

Британската поп ѕвезда Адел ќе изнесе сè на виделина за лансирањето на својот нов албум „30“ во интерву за Опра Винфри, а ќе говори и за сите шест години кога беше далеку од очите на јавноста.

Тоа ќе изгледа многу слично на фамозното интервју на иконата на чет-шоу со принцот Хари и Меган Маркл, војводата и војвотката од Сасекс.

Интимната исповед на Aдел кај Опра ќе биде настан кој британските медиуми го нарекоа „троубек“ или потсетување на разговорот на Опра со Хари и Меган.

„Си-би-ес“ ќе гja емитува двочасовната емисија со наслов Adele: One Night Only на 14 ноември, само пет дена пред објавувањето на долгоочекуваниот четврти студиски албум на британската пејачка-текстописец.

Покрај интервјуто, ќе има и концертна изведба што ќе биде најрана можност за голем дел од светот да го слушне сосема новиот материјал на Адел.

Емисијата ќе се снима во Лос Анџелес и ќе вклучува нејзини хитови и неколку нови песни.

Проектот е најавен како „прв телевизиски разговор на Адел за нејзиниот нов албум, приказните зад песните, животот по разводот, губење на тежината, и подигањето на својот син“.

А според „Вараети“, Адел и Опра ќе седат на истото место каде Меган и Хари го дадоа своето интервју во март, во градината со рози на водителката.

Можете да прочитате

Овие знаци ќе привлечат пари во 2026 година

Колку често треба да имате секс за среќна врска? Експерт открива „златна средина“

Неврохирург открива на што родителите мора да внимаваат за здрав мозок кај децата