Утрински Весник
Магазин

Адел: Реакцијата на одложувањето на настапите во Лас Вегас беше брутална

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Адел изјави дека негативните реакции на одложувањето на нејзиниот престој во Лас Вегас претходно оваа година ја натерале да се чувствува како лоша личност.

Во јануари британската поп-дива ги одложи концертите 24 часа пред вечерта на отворањето и им кажа на фановите дека настапите не се подготвени.

Во интервју за емисијата Desert Island Discs на Би-би-си Радио 4, Адел рече дека одложувањето на нејзиниот тримесечен престој во Вегас ѝ предизвикало голем немир, но рече дека останува на одлуката.

Во петокот, таа им се обрати на фановите со убава вест дека датумите на настапите ќе бидат објавени наскоро.

Во разговор со водителката на „Дезерт ајланд дискс“, Лорен Лаверн, 34-годишната Адел рече: „Дефинитивно го почувствував разочарувањето на сите и бев скршена, и се плашев да не ги изневерам.“

Пејачката, која го објави својот четврти албум во ноември, беше критикувана на интернет откако ја објави веста во последен момент дека концертите во „Палатата на Цезар“ нема да се одржат како што беше планирано.

Можете да прочитате

Sarah Mace & The Girlzz ја отворија празничната сезона со магичен концерт во Битола 

Како правилно да го мерите крвниот притисок и зошто е важно

Чудотворни ефекти на топлата вода: Како секојдневното пиење може да го подобри вашето здравје