Утрински Весник
Магазин

Адел потврди дека ќе одржи концерти во Лас Вегас

Адел потврди дека ќе одржи концерти во Лас Вегас
Dik 300x250 mk

Адел изјави дека концертите во Лас Вегас, кои неодамна ги откажа пред самиот почеток на турнејата, ќе ги одржи подоцна оваа година.

Минатиот месец, таа ги информира своите фанови дека мора да ги одложи планираните настапи во Лас Вегас бидејќи неколку членови од нејзиниот тим се заразиле со Ковид-19.

Во разговор со ТВ-водителот Грејм Нортон во неговата емисија на „Би-би-си“, таа вети дека наскоро ќе ги потврди новите датуми.

„Тоа мора да се случи оваа година бидејќи имам планови за следната година, Замислете да морам да откажам затоа што имам бебе,“ рече таа, оставајќи го водителот во недоумица дали се шегува или сериозно размислува за бебе.

Поп-дивата, која има деветгодишен син Анџело со поранешниот сопруг Сајмон Конецки, потоа откри дека би сакала да има повеќе деца.

Таа одби да каже дали дијамантскиот прстен што го носеше на „Брит авордс“ минатата недела значи дека се свршила со нејзиното момче Рич Пол.

Адел триумифираше на овогодинешните британски музички награди освојувајќи ги трите главни награди – за најдобра песна, најдобар албум и најдобар изведувач.

На церемонијата, таа го изведе синглот I Drink Wine.

Можете да прочитате

Дали треба да ја покриете супата додека готвите? Готвач ги откри сите тајни за совршен вкус!

Листа од 40-те најголеми умови во историјата – листа што го воодушеви светот, но и предизвика полемики

Избегнувајте прекумерно трошење: Дневен хороскоп (03.11.2025)