Утрински Весник
Сцена

Адвокатската фирма на Мадона, Ники Минаж и други ѕвезди, цел на кибернапад

Мадона: Оздравев, и одам да вдишам малку „корона-воздух“

Лос Анџелес, 11 мај 2020 (/) – Адвокатската фирма „Грабмен Шајр Мејселас енд Сакс“, која ги застапува Лејди Гага, Мадона, Ники Минаж и други познати личности, изминатава недела била цел на кибернапад, при што се украдени голем број приватни податоци.

Како што пренесува „Варајети“, хакерите, наводно, презеле 756 гигабајти информација, вклучително и договори, телефонски броеви, електронски адреси и лични преписки. Информацијата не е потврдена.

Меѓу луѓето оштетени во кибернападот, се спомнуваат и Брус Спрингстин, Кристина Агиљера, Мараја Кери, Пријанка Чопра, Бет Милдер, Џон Оливер, Сем Њутон, фирмата Фејсбук. си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка