Утрински Весник
Спорт

Адвокатот на Марадона: Покрај толку пари, умре сам и напуштен, во празна куќа!

Адвокатот на Марадона: Покрај толку пари, умре сам и напуштен, во празна куќа!

На судењето за утврдување одговорност за смртта на Диего Армандо Марадона, во судот во Буенос Аирес зборувал неговиот адвокат Матијас Морлa кој како сведок бил по барање на ќерките на „Ел Пибе“ – Далма и Џанина.

„Сето тоа беше една голема глупост. Прво, затоа што препораката на лекарите била Диего да не ја напушта клиниката по операцијата, а второ, затоа што на располагање на Диего му била празната куќа во Ла Плата, а тој на крајот завршил во некоја друга куќа во Тигре. Никако не смеел да ја напушти болницата, ако лекарите тоа го забранеа. Не се согласував да оди во таа друга куќа, и тоа му го реков. Почнаа да му покажуваат разни куќи, а мојата работа беше само да ги донесам парите сето тоа да се плати. Со парите кои ги имаше можеше да плати три доктори да се грижат за него секојдневно, а не да умре во празна куќа, сам и напуштен“ рекол адвокатот.

„Се се тоа катастрофални грешки, на крај срцето му експлодираше, беше оставен сам и незаштитен да се мачи“ заклучи Морлa.

Тој подвлече дека ќерките Далма и Џанина се одговорни за патењето на Диего, затоа што тие го одведоа од болницата.

„Ми се јави докторот на Клиниката и ми рече да разговарам со ќерките затоа што му рекле дека јас сум проблемот и јас се противам на одлуката да го пуштат од болницата“ вели адвокатот на Марадона.

Морла открил дека последен пат Диего го видел на 16. ноември минатата година во Тигре, неколку дена пред смртта.

„Ми делуваше свесно, а кога тргнав да си одам му реков `Ќе се видиме подоцна`. Го поздравив со раката, а тој ме зграпчи за рака, ме повлече кон себе и ми рече `Те сакам`. Тоа беше последен пат што го видов“ изјавил адвокатот.

> Адвокатот на Марадона: Покрај толку пари, умре сам и напуштен, во празна куќа! <

Можете да прочитате

Њу Орлеанс последен избори плејоф во НБА-лигата

Првиот спринт во сезоната за Ферстапен, Хамилтон втор

Влаховиќ ја разбуди „старата дама“