Утрински Весник
Магазин

Адвокатката на Џони Деп без коментар за шпекулациите за љубовна афера

Милиони гледачи ширум светот ја следат правната битка меѓу холивудските тешкаши Џони Деп и Амбер Херд, коментираат американски медиуми, додавајќи дека среде драма во судницата, нова ѕвезда се најде во центарот на вниманието: адвокатката на Деп, Камил Васкез.

Во екот на мачниот судски процес, сè погласни се шпекулациите дека актерот е во врска со неговата адвокатка.

Од почетокот на судењето минатиот месец, таа стана ѕвезда на интернет, а фановите на Деп ја обожаваат поради жестокиот настап и вкрстено испрашување на сведоците, вклучувајќи ја и обвинетата Херд.

Камил „убива“ со прашања и во неколку наврати ја сомеле Амбер Херд, коментираат медиумите. Остра е, директна и фокусирана. Корисници на социјалните мрежи пишуваат дека одамна не виделе некој толку многу да се бори за својот клиент.

Неколку нежни прегратки меѓу Деп и колумбиска убавица ги привлекоа медиумите. Многумина почнаа да се сомневаат дека Џони и Камила станале блиски и се вљубиле еден во друг за време на судењето.

Можете да прочитате

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски

Награда од 13.000 евра за победникот на натпревар во спиење во Јапонија

Шестгодишно девојче од Кина го собори женскиот светски рекорд во местење Рубикова коцка