Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Агуеро останува во Манчестер Сити

Агуеро претрпе сообраќајна несреќа (ФОТО)
300x250 opst2

Манчестер, 24 мај 2020 (МИА) – Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро ќе продолжи да го носи дресот на клубот и следната сезона. Договорот на Аргентинецот истекува за една година и неодамна се зборуваше дека тој би можел да биде продаден, а интерес за него покажуваат Интер и Наполи. Сепак, агентот на играчот Хернан Регера е категоричен дека нема да се пресели од „Етихад“.

– Серхио има договор со Манчестер Сити до 2021 година и нема шанси да замине пред да истече. Ќе видиме што ќе се случи следно. Не сум разговарал со Интер и причината е многу едноставна: „Агуеро е среќен со „граѓаните“ и нема желба да го смени клубот“, објави Регера.

Агуеро ќе наполни 32 години следниот месец. Сепак, тој продолжува да покажува високо ниво на перформанси и оваа сезона има 23 голови на 30 натпревари одиграни на сите натпреварувања.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН