Утрински Весник
Спорт

Агуеро: Играчите се исплашени, имаат семејства

Агуеро претрпе сообраќајна несреќа (ФОТО)

Манчестер, 30 април 2020 (МИА) – Sвездата на Манчестер Сити, Серхио Агуеро изрази загриженост за евентуално обновување на шампионатот во Англија. Напаѓачот призна дека постои страв кај играчите. Екипите во Премиер лигата се надеваат дека ќе продолжат со тренинзи на 11-ти мај.

– Повеќето играчи се исплашени затоа што имаат семејства, деца, бебиња, родители. Кога ќе се вратиме, замислувам дека ќе биде многу напнато, ќе бидеме многу внимателни. Се надевам дека ќе има вакцина за да се стави крај на сето тоа. Не сум исплашен, но јас сум само со мојата девојка. Не сум контактирал со други луѓе. Тие велат дека некои се заразени, но немаат никакви симптоми и можат да ве заразат. Затоа останувам дома. Можеби ќе се заразите а нема да знаете, вели Аргентинецот.

Агуеро остана во Манчестер за време на изолацијата, додека многу негови соиграчи се вратија во матичните земји.

– Ни беше кажано пред 15 дена дека има датум за обновување на тренинзите и тоа е 4 мај. Сега има нова средба. Ќе биде тешко да се игра Лигата на шампионите во август, рече фудбалерот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига