Утрински Весник
Македонија

Автомобил удри во велосипедист во Струга

Велосипедист од Велешта е тешко повреден во сообраќајна несреќа кога во него удрил автомобил.

dobivaj vesti na viber

Повредениот е на 81-годишна возраст и е префрлен во болница.

„На 08.07.2022 во 18.45 часот во Струга, на регионалниот пат Р1201 Дебар-Струга, во с.Велешта, струшко, патничко возило „рено клио“, со охридски регистарски ознаки, управувано од О.Д.(26) од с.Лабуништа, струшко, удрило во велосипед управуван од Н.Ќ.(81) од с.Велешта. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Болницата „Св.Еразмо“ – Охрид. Известен е Јавен обвинител, а увид извршила екипа од Полициска станица Струга“, информираат од МВР.

Можете да прочитате

Тренчевска: Минимална плата од 600 евра за достоинствен живот на работниците 

Тешка несреќа во Скопје лице прегазено од комбе

Тошковски: Целта на системот ,,Безбеден град” е да спаси човечки живот