Утрински Весник
Македонија

Автомобил удри во велосипедист во Скопје, возачот избегал

Автомобил удри во велосипедист во Скопје, возачот избегал

Седумдесет и четиригодишен велосипедист е тешко повреден откако во него удрил автомобил, а возачот избегал.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера на крстосницата од ул. Самоилова и сервисна улица што ги поврзува ул. Самоилова и ул. Иљо Војвода  во Скопје, кога возило „цитроен Ц5“, со скопски регистарски ознаки, управувано од непознат возач, удрило во велосипед, управуван од Т.Т.(74) од Скопје. Возачот избегал.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски, домашната задача за ЕУ не се прави со „Ноќни волци“ 

Вицепремиерот Николоски објави ноќно видео од експресниот пат Градско Дреново 

Бруто се или нето и кому се паднаа 45.000 денари месечно од Лотарија?