Утрински Весник
Македонија

Автомобил удрил во куче на патот Прилеп – Битола, тешко повредено едно лицe

Автомобил удрил во куче на патот Прилеп – Битола, тешко повредено едно лицe

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила на патот Прилеп – Битола кога автомобил удрил во куче.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 20.15 часот. Во полиција било пријавено дека автомобил „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.К.(48) од Прилеп, удрило во куче скитник.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.Б.(50) од Прилеп, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Можете да прочитате

СПМ: Нападнати полицајци пред дискотека во Скопје, осомничените пуштени

Кавадарчанец приведен за физички напад врз неговиот 74-годишен татко

Левица: И директор во ЕСМ и советник во Скопје – Илјази тврди „нема случај” но, законот го вели спротивното