Утрински Весник
Македонија

Автомобил се судри со товарен воз, едно лице е тешко повредено

Автомобил се судри со товарен воз, едно лице е тешко повредено

Четириесет и шестгодишен велешанец со тешки повреди е пренесен во болница откако со автомобилот се судри со товарен воз.

Според информациите од полицијата, настанот се случил вчера напладне, на пругата помеѓу железничките станици Велес и Чашка, поточно на патен премин кај селото Горно Оризари.

Товарниот воз сообраќал на релација Прилеп-Трубарево.

Извршен бил увид на местото на незгодата.

Можете да прочитате

Сменети 15 полициски раководители во Србија по заплената на марихуана од Македонија

Николоски: Новиот оператор „4iG“ во Македонија ќе ја користи сателитската мрежа на Илон Маск

Апелација му изрече 19 месеци затвор на Мухамед Зеќири