Утрински Весник
Македонија

Автомобил пропадна во езерцето во Градскиот парк во Скопје

Автомобил пропадна во езерцето во Градскиот парк во Скопје

Автомобил „пежо 206“ паднал во езерце во Градскиот парк во Скопје. Фотографиите се објавени на Фејсбук групата „Ние сме од Скопје“.

Во напишаното на социјалните мрежи од групата прашуваат „Го чува ли некој паркот навечер?“, а засега не е познато како возилото се нашло во каналот и дали е извлечено.

„Пријавено е дека „пежо 206“ со скопски регистерски таблички паднало во каналот во Градски парк, кај мостот. До сега нема пријава за повредено лице. Упатени се полициски службеници на лице место, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Можете да прочитате

Став на Партијата на пензионери за цените на лековите и кризата со енергенси

СОС Детско село: 25 години менуваме животи

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот, политичките услови за тоа не се исполенти