Утрински Весник
Македонија

Автомобил прегази две деца во Охрид

Автомобил прегази две деца во Охрид

Осумнаесетгодишник и малолетник од Охрид се тешко повредени откако синоќа на булеварот „Железничка“ во Охрид, автомобил „бмв“ удрил во нив.

„ Е.Н.(45) од село Лабуништа, струшко, управувајќи патничко моторно возило „Бмв“ со струшки регистарски ознаки удрил во И.У.(18) и малолетник од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил И.У. кој е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје. На малолетникот му е укажана лекарска помош во болницата “Св. Еразмо” во Охрид. За настанот е известен јавен обвинител и извршен е увид на местото на настанот“ соопшти МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

МАСИТ: Сстанок со Муцунски – фокус на економска дипломатија и интернационализација на македонските ИКТ компании

Тинејџери краделе дрва па се обиделе да прегазат полицајци

Јошевска-Анастасовска и Кадри-Шахиновиќ дадоа свечена изјава во Собранието