Утрински Весник
Свет

Автомобил влетал во градинка во САД, 19 деца пренесени во болница

Автомобил влетал во градинка во САД, 19 деца пренесени во болница

Деветнаесет деца се пренесени во болница откако вчера автомобил влетал во градинка во Калифорнија.

Инцидентот се случил во 14.30 часот по локално време. Нема смртни случаи, соопшти полицијата, додавајќи дека повеќето од децата превентивно биле пренесени во болници, пишува „Ен-би-си њуз“.

Четиринаесет деца со брза помош биле пренесени во болниците, а пет биле донесени од нивните родители. Дванаесет деца се пренесени во две болници. Десетмина се пуштени дома многу брзо, а двајца се префрлени во медицинскиот центар „УЦ Дејвис“ и се во стабилна состојба.

Полицијата извести дека возачот соработувал со полицијата и дека се истражуваат причините за несреќата.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците