Најмалку седум цивили биле убиени, а 85 повредени во напад со автомобил-бомба во северозападна Сирија во неделата, пренесува агенцијата „Анадолија“. Нападот бил изведен во градот Азаз.
Според извор од безбедносните сили, кој побарал да не биде именуван заради ограничувањата во комуникацијата со медиумите, терористите на ЈПГ/ПКК вршат вакви напади, но не преземаат одговорност бидејќи се повредени цивили. Повредените цивили, кои биле во критична состојба, се пренесени во Турција.
Претходно во неделата, 13 лица, вклучително и деца, беа повредени во терористички напад во Африн, северозападна Сирија. Милитантната организација Курдска работничка партија (ЈПГ/ПКК) , која продолжува да напаѓа од сирискиот регион Тал Рифаат и Манџи, честопати ги таргетира Јарабулус, Азаз и Африн.
Од 2016 година, Турција започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите.
Во својата повеќе од 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, означена како терористичка организација од страна на Турција, САД и Европската Унија, е одговорна за смртта на 40.000 луѓе, вклучително жени и деца. Организацијата ЈПГ е сирискиот огранок на ПКК.