Утрински Весник
Македонија

Автоматска дезинфекција на сите три влеза во Кавадарци

Автоматска дезинфекција на сите три влеза во Кавадарци

Кавадарци, 24 март 2020 (МИА) – Автоматска дезинфекција на сите три влеза во Кавадарци се врши од денеска, информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

-Заедно со општинскиот тим  успеавме да обезбедиме донација за вакво нешто. Тоа значи дека не се потроши ниту денар општински средства, а поставивме уред кој ја врши дезинфекцијата. Со ова, се поштедуваат  луѓето, а ефикасноста е поголема, нагласи Јанчев.

Тој додаде дека и понатаму, како и досега, како општина, продолжуваат со почитување на мерките за заштита од коронавирус.свд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВЛЕН: Дваесет години власт на Османи – ниту еден проект за Чаир

Демант од МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Скенирате фискални? Еве кога ќе почне исплатата на „Мој ДДВ“