Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Австрија: Голема невработеност, нo и недостиг на работници

Бројот на невработени во Русија зголемен за пет пати
Img 7972

Пазарот на трудот во Австрија е во парадоксална ситуација, бидејќи покрај високата невработеност поради корона-кризата, на многу компании им недостасува потребната работна сила.

Во моментов во Австрија има повеќе од 410 000 невработени, а претседателот на Австриската трговска комора, Харалд Марер, очекува нивниот број да се зголеми за уште 80 000 овој месец.

Покрај тоа, 400.000 луѓе работат со скратено работно време.

„И покрај зголемената невработеност, многу компании не можат да најдат работна сила“, вели Марер, додавајќи дека причината е што оние што бараат работа не се таму каде што има работа.

Само во ИТ-секторот се отворени 20.000 работни места, во секторот за нега и грижа 2.500, а и во услужните дејности недостасува квалификувана работна сила, на пример 1.300 монтери.

За да се спречи невработеноста да остане висока, Стопанската комора бара мерки од владата, социјалните партнери и од Службата за вработување.

„Квалификациите се приоритет. Корона-кризата го отвори патот за дигитализација и образованието треба да го следи тој правец”, вели генералниот секретар на Комората Карлхајнц Копф.

Тој посочи дека занаетчиството се покажало како „поотпорно“ на кризата и дека занаетчиите наоѓаат работа полесно отколку луѓето со универзитетско образование.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот