Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Австрија ги олабави мерките за божикните празници

Австрија ги олабави мерките за божикните празници
300x250 opst2

Австрискиот парламент усвои уредба за мерките за претстојните божикни празници, според која е дозволено собирање до десет лица на приватните прослави на Божиќ на 24 и 25 декември.

Министерството за здравство посочува дека нема обврска да се носат маски и да се чува растојание за овие собири, но маските и растојанието се применуваат на проширено приватно опкружување, како што е гаража или други придружни објекти.

Во уредбата има една новина, а тоа е дека од 24 декември ќе може повторно да се посетуваат зоолошки градини.
Со цел да се заштитат жителите на домовите за стари лица од вирусот корона, од 18 декември сите вработени мора да носат маски ФФП2.

Посетителите исто така мора да ги носат овие маски со висока заштита и да донесат негативен тест за коронавирусот.

Вработените во домовите мора да се тестираат двапати неделно, а и на станарите треба да им се овозможи да бидат тестирани двапати неделно, иако тоа е за нив на доброволна основа.

Воведена е и обврска за носење маски на работа во затворен простор.

Ски-лифтовите добиваат право да започнат со работа на 24 декември, а гондолите можат да примат само 50 проценти од нивниот капацитет.

Истиот ден може да се отворат зоолошки градини и ботанички паркови.

Уредбата додаде дека музеите, галериите, библиотеките, архивите и зоолошките градини мора да имаат концепт за спречување на инфекција со коронавирус.

Што се однесува до задолжителното тестирање, луѓето кои биле во карантин во последните три месеци поради инфекција со коронавирус, не мора да бидат тестирани.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите