Утрински Весник
Спорт

Австрија Виена остана без лиценца за наредната сезона

Австрија Виена остана без лиценца за наредната сезона

Челниците на австриската Бундес лигата, соопштија дека еден од најславните клубови Австрија од виена, нема да добие лиценца за наредната сезона.

„Благодарение на одлуката за лиценца, сега точно знаеме што се бара од нас и кон што треба да се насочиме. Ќе сториме се што е во наша моќ да доставиме на време дополнителни информации“, соопштија од клубот.

Клубот има осум дена да ги достави потребните документи.

Клубот должи 78 милиони евра, според последниот финансиски извештај, а само во сезоната 2019/2020, клубот забележал минус од 18,8 милиони евра.

Австрија низ историјата 24 пати го освојувале првенството, а 27 пати Купот. Во 1978 година Австрија Виена играше финале во Купот на УЕФА.

> Австрија Виена остана без лиценца за наредната сезона <

Можете да прочитате

Чави демантира проблеми со раководството на Барса и најавува дека останува тренер и идната сезона

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Минесота му го нанесе најтешкиот пораз на Денвер во историјата на франшизата