Утрински Весник
Свет

Австрискиот министер за здравје на боледување, му се слошило во вторникот

Австрискиот министер за здравје на боледување, му се слошило во вторникот

Австрискиот министер за здравство Рудолф Аншобер е на боледување откако му се слоши во вторникот.

Аншобер вчера рано наутро требаше да одржи прес-конференција за тоа како се одвива вакцинацијата против коронавирусот, но тој настан помина без него поради болест.

Од неговиот кабинет беше објавено дека министерот бил тестиран во неколку наврати и дека бил негативен на корона.

Министерот, како што е наведено, ќе биде подложен на сеопфатна здравствена проверка и нема да дојде на работа до следната недела.

Од кабинетот истакнуваат дека станува збор за проблеми со крвотокот. Се претпоставува дека министерот заболел од грип.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking