Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Австралија добива вакцина против Ковид-19 на почетокот на идната година

СЗО: Да се тестираат сите контакти без оглед на симптомите
300x250 opst2

Австралија ќе биде меѓу првите земји во светот што ќе добијат вакцина против Ковид-19 откако владата склучи договор вреден 1,2 милијарди американски долари со фармацевтски компании за масовна вакцинација на почетокот на 2021 година, објавија властите на оваа земја.

Доколку „ветувачките тестови бидат успешни“, Австралија ќе добие 84,8 милиони дози вакцина од Универзитетот Оксфорд и фармацевтскиот гигант „АстраЗенека“, како и од австралискиот универзитет во Квинсленд и биотехнолошката компанија ЦСЛ, соопшти владата.

Премиерот Скот Морисон објави дека Австралијците ќе бидат меѓу првите во светот што ќе примат безбедна и ефикасна вакцина, доколку ги помине последните тестови, пренесе агенцијата ДПА.

„Нема гаранции дека овие вакцини ќе бидат успешни, но договорот ја става Австралија на чело на нарачката“, рече Морисон.

Оваа земја ќе ги добие првите 3,8 милиони дози во јануари 2021 година, а остатокот постепено ќе пристигнува во текот на годината.

Двете вакцини ќе бидат слободно достапни за Австралијците и речиси целосно ќе се произведуваат во Мелбурн.

Морисон рече дека е решен да обезбеди ран пристап до вакцината за пацифичките држави и регионалните партнери во Југоисточна Азија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Талибанците забранија 679 академски книги и учебници

Неколку арапски држави предлагаат измени на планот на Трамп за завршување на војната во Појасот Газа

Италијанската полиција уапсила Албанец со над 27 килограми кокаин