Утрински Весник
Свет

Австралиски сенатор: „Конфликтот меѓу Кина и САД ќе биде толку брз што нема да имаме поим што се случило“

300x250 (7)

Либералниот австралиски сенатор Џим Молан предупредува дека конфликтот меѓу Кина и САД би можел да биде толку брз, што останатите индо-пацифички земји нема ни да знаат дека конфликтот доаѓа.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот австралиски генерал-мајор Џим Молан предупредува дека Кина може да ја нападне американската логистика на сличен начин како нападот на Перл Харбор во Втората светска војна, пишуваат тамошните медиуми.

Ss1

Сенаторот верува дека Кина може да „убие две птици со еден камен“. Брзиот напад на американската логистика во регионот би го уништил влијанието на САД во регионот, но во исто време би го ставил Тајван под своја контрола, пишува „Дејли мејл“.

„Во моментот кога ќе се ослободат од американското влијание во регионот, тие можат само да му кажат на Тајван, „па, што ќе правиш сега?“. Дали ќе се борат во време кога САД не ги поддржуваат? Се разбира дека не “, рече Молан.

Молан потоа ја предупредува Австралија дека, во такво сценарио, треба двапати да размисли за нејзината поддршка за САД.

„Што и да е, тој конфликт ќе биде високо-технолошки. Ќе биде остар, ќе биде брз – и нема да го сфатиме лесно“, додал тој.

Ss1

Можете да прочитате

Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ е на проширување на Унијата на Западен Балкан

ЕУ одвои дополнителни 68 милиони евра помош за Палестинците

Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната