Утрински Весник
Свет
Img 7972

Австралискиот премиер се извини за сексуалните злоставувања во парламентот

Австралискиот премиер се извини за сексуалните злоставувања во парламентот
Img 7972

Австралискиот премиер се извини за широко распространето сексуално вознемирување и злоупотреба на политичари една година по сериозното обвинение за силување во парламентот. Обраќајќи им се на пратениците, Скот Морисон директно и се извини на поранешната вработена Британи Хигинс, која рече дека била силувана во 2019 година од колега од кабинетот на министерот.

„ Се извинувам на г-ѓа Хигинс за злосторствата што се случија овде“, рече Морисон за повеќедецениската култура на злоупотреба на позиции на моќ. „ Жал ми е не само за вас, туку и за сите оние кои страдале пред вас“.

„ Екосистемот, културата на злоупотреба, експлоатација и насилство се одржуваат и нормализираат со децении“, рече тој.

Хигинс ја објави својата приказна во јануари минатата година, предизвикувајќи протести низ целата земја.

Австралиските граѓани беа изненадени од нејзините наводи за злоупотреба, како и од тоа како била третирана откако ги известила претпоставените за настанот. Таа рече дека чувствува дека не и било дозволено да оди во полиција пред изборите во 2019 година и опишала „култура на тишина“ во австралиските политички партии.

Поради наводите на Хигинс и други функционери кои се повлекоа, владата започна неколку истраги. Меѓу нив е и „Џенкинс ривју“ на 450 страници, кој откри дека една третина од работниците во Комонвелтот доживеале сексуално вознемирување на работното место.

Во својот говор, Морисон рече дека тоа мора да се промени, дека верува дека промената ќе дојде.

Можете да прочитате

Путин: Ако има добра волја, Русија и САД можат да го продолжат Договорот Нов СТАРТ

Меланија Трамп: Путин одговори на моето писмо, украинските деца се вратија кај семејствата

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври