Утрински Весник
Македонија

АВМУ со осуда за заканите кон новинарска екипа на ТВ Клан

Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги:На сите медиуми да им се овозможи еднаков пристап за известување
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Агенцијата за аудио и аудиовиозуелни медиумски услуги (АВМУ) ги осудува заканите што вчера беа упатени кон новинарската екипа на ТВ Клан во Кумановско и потсетува дека ваквите појави претставуваат загрозување на слободата на информирање.

Агенцијата, стои во соопштението, во повеќе наврати досега реагираше дека безбедноста на медиумските работници во ниту еден момент не смее да биде загрозена. Токму затоа, подвлекуваат од АВМУ, треба да се вложат максимални напори за да се креираат услови за медиумите професионално да си ја вршат работата, ослободени од закани и притисоци.

– Имајќи предвид дека само слободните медиуми водат кон унапредување на демократските процеси, апелираме да се остават новинарите непречено и достоинствено да ја вршат нивната општествено одговорна професија, се посочува во соопштението од Агенцијата за аудио и адуиовизуелни медиумски услуги.цр/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

За една недела 1.725 случаи на болни од грип – да се избегнуваат собири, заболените да се јават на матичен лекар и да останат дома

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари

Колона од возила на граничниот премин кај Делчево поради електронско внесување на податоци за патници без ЕУ пасоши