Утрински Весник
Македонија

АВМУ: Медиумите да се придржуваат до Насоките за известување и законските обврски

Трошоци на директорот на АВМУ за првата половина на 2019 година

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ги поздравува заложбите на медиумите за навремено информирање на граѓаните за состојбата со коронавирусот и за мерките што надлежните органи ги преземаат за заштита и превенција од ширење на Ковид-19.

Како што се наведува во соопштението од АВМУ, имајќи ја предвид улогата на медиумите во време на прогласена вонредна состојба поради коронавирусот, Агенцијата е свесна за можна појава на отстапки од програмскиот концепт за којшто им е доделена дозволата и за неможноста доследно да се почитуваат некои одредби од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Сепак, радиодифузерите треба да вложат максимални напори и да не ја користат пандемијата како изговор за непочитување на Законот, посочуваат од АВМУ.

– Во контекст на професионално и безбедно извршување на задачите, Агенцијата им препорачува на медиумите да се придржуваат кон Насоките за безбедно и професионално известување за коронавирусот (Ковид-19) на Здружението на новинари и на Советот за етика во медиумите на Македонија, каде што има практични упатства и за професионалноста во работењето и за обезбедување на заштита и безбедност на медиумските работници, се наведува во соопштението. ев/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Завршни зборови за убиствата на Вања и Панче: Нема никакво оправдување за убиство на невино дете, кое ни на сон не им сторило ништо на четворицата обвинети

Обвинителството тврди дека Палчо од таткото Александар разбрал кое време Вања ќе оди на училиште и дека ќе оди сама

Одбраната на Боре Видевски не ја донесе снимката од бензиската „Макпетрол“ во Велес, на која наводно се гледа Жежовски како полни бензин