Утрински Весник
Спорт

Абрамович слуша – Челси ќе ги повикува навивачите на состаноците на бордот

Абрамович слуша – Челси ќе ги повикува навивачите на состаноците на бордот

Челси е првиот англиски клуб кој ги „послуша“ своите навивачи по фијаското со Европската Суперлига, откако денеска потврдија дека ќе дозволат присуство на претставници на навивачките групи да бидат дел од состаноците на бордот на клубот.

Фановите на „сините“ први излегоа пред својот стадион „Стемфорд бриџ“ да протестираат за влегувањето во Суперлигата, и Челси беше првиот англиски тим кој се повлече од контроверзниот проект.

„Челси потврдува дека од 1 јули ќе има присуство на навивачи на состаноците на бордот на клубот. Три советници од навивачите, избрани преку избори и селекција, ќе бидат дел од состаноците за да се осигура чувството на навивачите да биде дел од процесот на носење одлуки во клубот. Клубот ќе се консултира со форумот на навивачи и неколку неофицијални навивачки групи за да се избере вистинскиот модел за избор на тројцата претставници. Навивачките претставници нема да имаат право на глас, и нема да бидат дел од состаноците со играчите и академијата. Тие ќе имат четири состаноци годишно, а ќе добијат 2.500 фунти донација во добротворна организација по нивни избор“, се вели во соопштението на Челси.

Навивачкиот траст на Челси (ЦСТ) го поздрави овој потег, но посочи дека очекува фановите да имаат повеќе од симболичко учество во работата.

> Абрамович слуша – Челси ќе ги повикува навивачите на состаноците на бордот <

Можете да прочитате

Косовските репрезентативци наградени со 500.000 евра пред дуелот со Турција

Вардар нема да наплаќа билети за дербито со ГРК Охрид

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција