Утрински Весник
Свет

Абазовиќ: Тие што ја почнаа процедурата за гласање недоверба политички нема да опстанат

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ денеска на прес-конференцијата по повод 100-те дена на Владата рече дека не знае дали Владата ќе го преживее 19 август, но оти знае дека оние кои ја почнаа процедурата за гласање доверба, нема да опстанат политички.

dobivaj vesti na viber

„Дел од луѓето што ја почнаа процедурата и дел од структурите што ја почнуваат таа процедура, наводно криејќи се зад Основниот договор, тие сигурно политички нема да опстанат, без разлика дали тоа ќе се реализира на 19 август, на некои избори, на локалните во Подгорица, дел од тие структури сигурно нема да опстане“ – изјави Абазовиќ, а пренесува РТЦГ.

Тој рече дека на седницата на Собранието на Црна Гора на која ќе се гласа за доверба на Владата ќе се знае кој е против Основниот договор со СПЦ и дека секој што „притисне зелено светло ќе значи дека сакаат да ја вратат Црна Гора и да го откажат тој чин“.

Тој додаде дека се сомнева оти тие што сакаат да ја сменат Владата имаат 41 пратеник.

Можете да прочитате

„Гугл“ го одбил барањето на Трамп – Атлантскиот или Тихиот Океан да бидат преименувани во „Океан Трамп“

Германските служби за вработување бараат од владата да не ги намалува дозволите за работниците од Западен Балкан

Трамп го укина пакетот санкции против Русија содржани во „Законот на Линдзи Греам“