Утрински Весник
Магазин

Џорџ Клуни ги учи децата да прават работи што ја шокираат мајка им

Џорџ Клуни ги учи децата да прават работи што ја шокираат мајка им

Џорџ Клуни има тригодишни близнаци Ела и Александар со сопругата Амал Клуни и откри дека својата шегобијна палка им ја предава на своите деца, подучувајќи ги како да ја мамат Амал.

„Мојата работа, всушност, е да ги учам на грозни работи. И навистина уживам да ги учам да прават трикови што ја шокираат нивната мајка,“ се пошегува актерот во ТВ-емисијата „Тудеј“.

„Забавно е затоа што, Амал, кога разговара со судија на судење во Судан или во Мјанмар … таа води многу сериозни разговори и тогаш мојот син ќе влезе со пелена на главата. Ова е генијална идеја, знаете.“

Џорџ, кој сè уште има одлична смисла за хумор, објасни дека една од најшокантните трикови што им ги кажал на своите деца е мачкање Нутела на пелена или на зглобовите на нозете за да изгледа како штоштуку да ја извадиле пелената.

И иако Ела и Александар ја тероризираат Амал со своите подвали, таа знае кој е мозокот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ново истражување: Пестицидите од храната завршуваат во телото

Од музеј во Парма украдени три слики вредни околу девет милиони евра

Италијански остров нуди 15.000 евра за преселба и месечен надоместок за деца