Утрински Весник
Свет

Џонсон: Предупредете ја Москва дека постои пакет тешки санкции

Џонсон: Предупредете ја Москва дека постои пакет тешки санкции

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска им порача на сојузниците дека стравува за безбедноста на Европа поради ситуацијата во Украина, соопштија од неговиот кабинет.

Тој имаше видео средба со лидерите на САД, Италија, Полска, Романија, Франција, Германија, Европскиот совет, Европската комисија и НАТО, на која се разговараше за актуелната ситуација во однос на Украина.

„ Британскиот премиер ја нагласи потребата сојузниците од НАТО да стават до знаење дека има пакет строги економски санкции подготвени за воведување, доколку Русија донесе штетна и деструктивна одлука да ја нападне Украина“, соопшти кабинетот на Џонсон.

Британскиот министер за одбрана Бен Валас, кој е во посета на Москва, и неговиот руски колега Сергеј Шојгу денеска одржаа средба и изразија надеж за можност за дипломатско решение на голем број прашања.

Шојгу претходно изјави дека воената и политичката ситуација во Европа станува се понапната, но нагласи дека тоа не е виновна Русија.

Тој изрази уверување дека Русија наскоро ќе одговори на предлозите на САД и НАТО за европската безбедност.

Москва побара од Вашингтон и Брисел да гарантираат дека НАТО нема да дозволи Украина да се приклучи на блокот, што тие го отфрлија и испратија свои предлози до Русија.

Можете да прочитате

Средношколец во Холандија почина за време на опасен предизвик

Европската Унија од безбедносни причини ја промени локацијата на состанокот посветен на одбраната

Најголем дел од јавниот транспорт во Бангкок ќе биде бесплатен една недела поради загадувањето