Утрински Весник
Спорт

Џенова спаси поен кај Специја, за Пандев дваесетина минути

Џенова спаси поен кај Специја, за Пандев дваесетина минути

Џенова на Горан Пандев продолжува со очајните игри во италијанскиот шампионат откако им беше потребен пенал да извлечат 1:1 реми кај потпросечната Специја (инаку предводена од нивниот поранешен тренер Тијаго Мота) за да се зголеми притисокот на тренерот Давиде Балардини и да се зголемат стравувањата за испаѓање од лигата.

Клучниот момент на мечот се случи во 66. минута, кога по обидот на Ебрима Коли заврши во стативата, па од голманот Салваторе Сиригу заврши во голот. Пандев доби шанса во 71. минута, за во 86. минута капитенот Доменико Кришито од пенал да израмни на 1:1.

Дуелот на новите прволигаши, Венеција и Салернитана пак, гостите стигнаа до драматична 1:2 победа. Араму во 14. минута ги донесе Венеција во водство, пред Бонацоли по асистенција на Франк Рибери да израмни за Салернитана во 61. минута од мечот, за во 95. минута од мечот Андреа Скијавоне да им донесе три поени на гостите.  Со овој резултат Салернитана се израмни со Џенова со 7 освоени поени.

СЕРИЈА А, 10.КОЛО

Специја – Џенова 1:1

Венеција – Салернитана 1:2

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-37475”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

> Џенова спаси поен кај Специја, за Пандев дваесетина минути <

Можете да прочитате

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид

Скопје и Гевгелија од четврток домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години